14 јули, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвие телефони на „Samsung“ нема да ја добијат новата надградба на „Android“

Овие телефони на „Samsung“ нема да ја добијат новата надградба на „Android“

Корисниците на „Samsung“ почнаа да го добиваат „One UI 5.1“ од минатиот месец, а веќе се зборува за следното повторување кое треба да пристигне со „Android 14“.

Тестирањето на новото ажурирање се очекува да започне ова лето, а конечната, стабилна верзија пристигнува подоцна оваа година.

Но, бидејќи „Samsung“ има своја практика кога станува збор за ажурирање на постарите модели, списокот на телефони што нема да ја добијат новата надградба на „Android“ е малку подолг.

Ова се моделите кои со надградбата на „One UI 5.0“ практично добија се што вети гигантот.

– Galaxy S10 Lite

– Galaxy S20 FE

– Galaxy S20/S20+/S20 Ultra

– Galaxy S Note Lite

– Galaxy Note 20 / Note 20 Ultra

– Galaxy Z Flip

– Galaxy Z Fold 2

– Galaxy A22/A32/A51/A71

Освен телефони, Samsung има и таблети кои нема да ја добијат новата надградба:

– Galaxy Tab A8

– Galaxy Tab A7 Lite

– Galaxy Tab S6 Lite (2020)

– Galaxy Tab S7/ Tab S7+

Иако крајот на софтверската поддршка ќе разочара некои корисници, ве потсетуваме дека сите водечки телефони Galaxy претставени по серијата „S21“, како и избраните телефони од средна класа, почнувајќи од „Galaxy A53“ и „A73“, се подобни за најмногу четири главни ажурирања на „Android“ и пет години безбедносни поддршки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП