Изградбата на патеката за Формула 1 во олимпискиот град Сочи, каде наредната година ќе се одржат Зимските олимписки игри, станува се поскапа.
Според рускиот весник за економија „Ведомости“ трошоците се зголемиле за околу 70 проценти од првичните очекувања и во моментов се околу 260 милиони евра.
За патеката, која би требало да ја организира првата трка од Формула 1 на територијата на Русија следната сезона, локалната власт првично имаше предвидено само 142 милиони евра.