25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Acer“ претстави електричен велосипед со вештачка интелигенција (ВИДЕО)

„Acer“ претстави електричен велосипед со вештачка интелигенција (ВИДЕО)

Еден од најпознатите производители на потрошувачка електроника – персонални компјутери, лаптопи и додатоци за нив, „Acer“, прави остар пресврт во своето портфолио, пренесува „Engadget“.

Тајванската компанија претстави електричен велосипед – „ebii“, кој е дизајниран за урбани услови и има вештачка интелигенција. Благодарение на технологијата, велосипедот може да ги научи личните преференци на корисникот и сам да менува брзини во зависност од условите на патот.

Тежината на моделот е околу 35 килограми, што го прави полесен од повеќето електрични велосипеди. „Acer“ тврди дека неговата максимална брзина е 30 km/h и дека може да помине нешто помалку од 110 km со едно полнење. На велосипедот му требаат околу два и пол часа за да се наполни до полн капацитет на батеријата. Во оваа област, „Acer“ се враќа на своите корени, бидејќи панелот за напојување е направен така што може да се користи и како пренослив полнач за лаптоп или телефон.

Корисниците исто така мора да ја преземат апликацијата „ebiiGO“ за да добиваат информации за траењето на батеријата, препорачаните маршрути, податоците за брзината и за заклучување и отклучување на велосипедот, бидејќи „ebii“ автоматски се заклучува секогаш кога поврзаниот телефон ќе ја напушти одредената област. Освен ова, велосипедот има и аларм против кражба.

Дополнителните функции на „ebii“ вклучуваат сензори за откривање пречки, светла со сите насоки и гуми без воздух што не можат да се дупнат.

Сè уште не е јасно колку ќе чини моделот и кога ќе биде пуштен во продажба, истакнува и „Engadget“, додавајќи дека ниту да се погоди не е лесно, со оглед на тоа што цените на електричните велосипеди варираат многу – од „Lectric XP Lite“ за 800 долари до новиот планински модел на „Audi“ за над 10.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП