14 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерез и Ферстапен за нов 1-2 триумф на Ред бул во Саудиска...

Перез и Ферстапен за нов 1-2 триумф на Ред бул во Саудиска Арабија

Серхио Перез немаше проблем својата пол-позиција да ја претвори во победа на Саудиското ГП, а неговиот колега Макс Ферстапен ја докажа моќта на Ред бул откако од 14. место на стартот се искачи на второто место за втора 1-2 победа во втората трка од новата сезона во Формула 1.

Фернандо Алонсо во Астон Мартин, повторно беше на подиумот, исто како и во Бахреин, победувајќи ги двајцата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Ферари имаа разочарувачка трка, со шесто место за Карлос Саинс Јуниор и седмо за Шарл Леклер, а во поени беа и двајцата возачи на Алпин, Естебан Окон и Пјер Гасли, како и Кевин Магнусен во Хас.

Перез накратко го загуби првото место од стартот на трката од Фернандо Алонсо, но возачот на Астон Мартин веднаш доби казна од пет секунди откако неправилно се постави на стартот. Во исто време, Ферстапен полека се движеше напрад, како и Леклер пред него. Трката се смени кога вториот Астон Мартин на Ленс Строл откажа и безбедносното возило излезе на патеката.

Ова беше лоша вест за Ферари, кои неколку круга претходно ги внесоа своите болиди во боксот, а потоа бидејќи дојде до компактност во рестартот, нешто што Ферстапен го искористи за да ги помине пред себе и да стигне до второто место. Во последниот круг, Ферстапен дури го освои и најдобриот круг за да остане лидер во генерален пласман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП