28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Instagram“ добива нова функција - некои веќе ја користат

„Instagram“ добива нова функција – некои веќе ја користат

„Instagram“ развива нова функција наречена „Најнови споделувања“ („Latest shares“) за да го поедностави процесот на наоѓање и повторно споделување на „Reels“ кои претходно биле испратени до пријателите во директни пораки (DM).

Оваа информација првично беше објавена на „Twitter“, за подоцна да биде потврдена од портпаролот на „Meta“ за „TechCrunch“.

Фотографија споделена на сметката на „Twitter“ на „Dijital Aglar“ ја покажува функцијата „Latest shares“ споделувања што се појавува на врвот на „DM“. Според извештајот на „TechCrunch“, кратко видео кое е споделено повеќе пати ќе се појави само еднаш, со аватарот на последниот примач.

Она што засега останува нејасно е дали функцијата „Latest shares“ ќе вклучува објави што не се на „Reels“. Сè уште нема информации кога оваа функција ќе биде достапна за повеќе корисници на „Instagram“, бидејќи моментално е достапна само за мал број тестери.

Неодамна, „Instagram“ се повеќе се фокусира на кратки видеа (Reels), во обид да се натпреварува со „TikTok“.

Неодамна беше откриено дека компанијата ќе објави и функција „Тивок режим“, која има за цел да им помогне на корисниците да се одморат од апликацијата. Оваа функција, кога ќе се активира, ќе ги замолчи дојдовните известувања и ќе ги извести вашите следбеници дека моментално сте неактивни на апликацијата.

Овој потег доаѓа откако „Instagram“ се најде на удар на пратениците загрижени за потенцијалната штета што социјалните медиуми ја имаат врз животите на луѓето, особено младите. Функцијата за тивок режим не е тука само за да ги принуди корисниците да се одморат од апликацијата, туку и да се фокусираат на реалниот свет и луѓето околу нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП