Инвеститорите од Катар станаа фаворити во борбата за купување на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед во однос на британскиот милијардер Џим Ретклиф, значително зголемувајќи ја понудената сума, чија големина во оваа фаза не е обелоденета, објави британски „Тајмс“.
Според изданието, понудата била дадена од советниците на претседателот на Исламската банка на Катар, шеикот Јасим бин Хамад ал-Тани Шахџад Шахбаз и Фади Бахос за време на десетчасовните разговори со раководството на Манчестер Јунајтед.

