17 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ подготвува гаџет кој треба да го замени „iPhone“

„Apple“ подготвува гаџет кој треба да го замени „iPhone“

Иако „Apple“ може да се пофали со бројни одлични уреди и гаџети кои ги претстави од почетокот на овој век, нивниот најважен и најпопуларен уред секако е „iPhone“. Телефонот што го претстави Стив Џобс во 2007-ма година целосно го промени пазарот на мобилни телефони, а паметните телефони и постојаното поврзување на интернет ни го променија и животот.

Но, со брз и голем технолошки напредок, се очекуваше еден ден да се појави гаџет кој ќе ги замени телефоните, односно во случајот на „Apple“, „iPhone“, а ако ги прашате експертите од ИТ индустријата, многумина веруваат дека тоа ќе бидат очила, односно уред за виртуелна и проширена реалност. „Apple“, меѓу другите, работи на ваков уред, но според најновиот извештај на „Financial Times“, се чини дека во компанијата има бројни несогласувања околу неговиот развој.

Иако AR/VR технологијата се работи со години, дизајнерите на компанијата сметаат дека сѐ уште не е вистинското време за претставување на овој уред и сакаат да почекаат технологијата дополнително да се усоврши за да можат да претстават многу подобар уред. Имено, наместо уред кој личи на скијачки очила, кои компанијата треба прво да ги претстави, дизајнерите претпочитаат паметни очила кои нема премногу да се разликуваат од класичните очила, а ќе имаат поддршка за проширена реалност.

Сепак, Кук и остатокот од главниот тим на „Apple“ не сакаат да чекаат, туку нивната намера е што поскоро да го претстават својот прв VR/AR уред. Според последните гласини, тоа би можело да се случи веќе на почетокот на јуни на конференцијата „Apple“ – „WWDC“. Она што можеме да го очекуваме е уред со камери и сензори кој ќе овозможи потопување во „VR“ световите, но и поддршка за проширена реалност и кој ќе биде прилично скап.

Со проценетата цена од околу 3.000 долари, на сите во „Apple“ им е јасно дека нема да има преголема побарувачка за уредот, но важно е Кук што поскоро да почне да го освојува тој пазар, за еден ден во иднина тие можат да владеат со него на сличен начин како што е денес „iPhone“ доминира на пазарот на паметни телефони.

Овој гаџет на иднината е непроценлив за Кук бидејќи би му помогнал да остави неизбришлива трага во историјата на „Apple“ и технолошката индустрија, посочуваат од „FT“. Иако многумина се сомневаа дали Кук е вистинската личност за наследник на Стив Џобс, тој се покажа многу подобар отколку што мислеа повеќето оптимисти. Но, многумина сè уште веруваат дека тој живее во сенката на производите на Џобс бидејќи „iPhone“, „iPad“ и „Mac“ сè уште се дел од наследството на Џобс во „Apple“.

Со уредот VR/AR што би го претставил Кук, а за кој се верува дека еден ден ќе може да ги замени паметните телефони, извршниот директор на „Apple“ конечно би можел да се пофали со сопствениот голем успех, односно производ кој го освои светот, а целосно беше развиен во текот на неговото управување со компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП