19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдна чаша дневно го намалува крвниот притисок: Напиток кој треба да го...

Една чаша дневно го намалува крвниот притисок: Напиток кој треба да го пијат сите изложени на ризик од срцеви заболувања

Ако не се лекува долго време, високиот крвен притисок (хипертензија) може да доведе до сериозни здравствени состојби, бидејќи дополнително ги оптоварува одредени органи. Чест виновник за хипертензијата е солта, бидејќи натриумот предизвикува телото да ја задржува водата, што го зголемува притисокот врз ѕидовите на крвните садови.

Затоа, промената на исхраната може да има ефект врз намалувањето на крвниот притисок, а истражувањата покажаа дека редовното пиење сок од домати е особено ефикасно.

„Студијата покажа дека луѓето со фактори на ризик за срцеви заболувања кои секојдневно пиеле сок од домати го подобриле дијастолниот и систолниот крвен притисок“, вели д-р Џозеф Амбани.

Сепак, докторот предупреди дека поради претходно споменатиот внес на натриум, важно е сокот да биде несолен.

„Секогаш ги советувам моите пациенти да користат несолен сок од домати, за да го намалат негативното дејство на натриумот“, нагласи тој.

Споменатото истражување опфатило 481 лице од Курија, Јапонија и пиеле несолен сок од домати колку што сакале една година – просечната количина била 215 милилитри дневно по лице, што е нешто помалку од една чаша.

Просечната возраст на испитаниците била 56 години за мажи и 58 години за жени, а било откриено дека крвниот притисок кај учесниците со нетретирана предхипертензија или хипертензија е „значително намален“.

„Внесувањето на несолен сок од домати го подобрил систолниот и дијастолниот крвен притисок и нивото на липопротеини со ниска густина во серумот кај јапонските локални жители кои се изложени на ризик од кардиоваскуларни болести“, се заклучува во студијата.

Доматите се одличен извор на витамини А и Ц, а богати се и со витамин Б6, за кој се верува дека го разградува хомоцистеинот, аминокиселина која ги оштетува крвните садови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП