7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКАКО НАСТАНУВААТ КРАТЕРИ НА МЕСЕЧИНАТА? Астроном го снимил моментот на удар на...

КАКО НАСТАНУВААТ КРАТЕРИ НА МЕСЕЧИНАТА? Астроном го снимил моментот на удар на метеорит (ВИДЕО)

Јапонскиот астроном Даичи Фуџи го снимил моментот кога метеорит удрил на површината на Месечината, создавајќи кратер со дијаметар од околу 12 метри.

Видеото снимено од Даичи Фуџи, кустос на градскиот музеј Хирацука, покажува краток блесок на површината на сателитот на Земјата.

Беше направено на 23 февруари, а метеоритот падна во близина на големиот кратер Иделер, на јужната страна од видливата страна на Месечината.

Јапонскиот астроном наведува дека кратерот би можел да биде широк околу 12 метри и може да биде потврден од лунарната орбитарка на НАСА или со индиската лунарна сонда Чандрајаан 2.

За разлика од Земјата, каде што повеќето од овие тела кои доаѓаат од вселената согоруваат во атмосферата, Месечината има неспоредливо поретка атмосфера, па паѓањата на метеорити се многу почести, а „лицето“ на Месечината е покриено со кратери од нивните удари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП