25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗC4 Cactus ќе има деби на 5-ти февруари

C4 Cactus ќе има деби на 5-ти февруари

caktus

„Citroen“ најави дека моделот „C4 Cactus“ официјално ќе биде претставен на 5-ти февруари наредната година. Овој датум не беше избран по случаен избор, затоа што тогаш навршува петгодишнината од претставувањето на „DS“ линијата, како и 136 години од раѓањето на основачот на компанијата Андре Цитроен.

Еден од раководителите на компанијата, Пјер Монферини изјави дека повратните информации поврзани за овој модел се многу позитивни и дека производната верзија на овој модел ќе остане верна на концептот кога ќе се појави во дилерските претставништва.

caktus1

Тој исто така  сугерираше дека овој модел нема да биде базиран на неодамна претставената „EMP2“ платформа и дека сите „Cactus“ модели ќе служат како единствени возила со повеќе од достапна цена.

„C4 Cactus“ ќе го придвижува мал и ефикасен мотор поврзан со едноставна трансмисија со цел да се овозможи што е можно пониска цена.

caktus2

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП