27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУапсен Шон Кемп

Уапсен Шон Кемп

Познатиот американски кошаркар Шон Кемп е уапсен во ноќта меѓу средата и четвртокот.

Според американските медиуми, Кемп е уапсен поради пресметка со огнено оружје во Такома, град во државата Вашингтон.

Поранешниот НБА ас со огнено оружје пукал кон едно лице кое возвратило, за среќа нема повредени.

Инцидентот се случил во средата околу 14 часот по локално време, а полицијата го уапсила Кемп четири часа подоцна. Полицијата го пронашла и пиштолот со кој пукал Кемп.

Шон Кемп е најпознат по тоа што играше за Сиетл Суперсоникс од 1989 до 1997 година и беше шесткратен Ол-стар, а беше познат и по своите атрактивни забивања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП