4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед понудил 120 милиони евра за Бејл!

Јунајтед понудил 120 милиони евра за Бејл!

gerett

Шпанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед му понудил на Тотенхем 100 милиони фунти за Бејл и дека тоа била најголемата препрека за неговото рано пристигнување во „кралскиот клуб“.

Според информациите „црвените ѓаволи“ биле подготвени да понудат повеќе пари од Реал за Бејл (120 милиони евра, наспроти 100-те).

На шпанските извори се надоврзува „Daily Mail“ и пишува дека Велшанецот заминал во Реал Мадрид само затоа што управата на Тотенхем му ја исполнила желбата тој да ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“. Најверојатно Даниел Леви бил на работ од откажување од ставот да не ги продава своите играчи на англиските клубови.

Приказната за оваа непристојна понуда на Јунајтед се појави по изјавата на претседателот на Реал, Флорентино Перез дека поминале „евтино“ со купувањето на Бејл.

Инаку за потсетување трансферот на Герет Бејл во Реал Мадрид е еден од најголемите во историјата на фудбалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП