3 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПОвој знак и подзнак се родени магнети за пари, а од мај...

Овој знак и подзнак се родени магнети за пари, а од мај ќе имаат неверојатен успех на полето на финансии

Најсреќниот знак во однос на парите и заработката е Бикот, кој е со „вродени“ аспекти за бизнис трансакции. Бикот е земјен знак кој е многу фокусиран на себе и на стекнувањето средства. Не сака да се чувствува зависен од некого или нешто во однос на работата и приходите.

Најголемата желба во животот му е да постигне што повеќе деловни успеси, а тоа да биде финансиски исплатливо.

Венера е владетел на Бикот и таа им „дава ветер во грб“ кога станува збор за деловни потфати и деловни амбиции. Ова особено важи за оние Бикови кои се занимаваат со економија, банкарство и берза.

Исто така, луѓето кои го имаат знакот Бик во својот подзнак можат да бидат многу добри економисти и знаат како да се справат со парите.

Уште подобра опција е кога и Меркур е во знакот на Бик бидејќи го зајакнува начинот на размислување кој носи добра заработка и добри можности за човекот да создаде стабилност преку тие парични трансакции. Од мај оваа година Јупитер влегува во знакот Бик и им носи многу убави деловни можности кои можат да им ги зголемат приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП