2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСАД се поблиску до целосна забрана на ТикТок

САД се поблиску до целосна забрана на ТикТок

Предлог-законот воведен во американскиот Конгрес оваа недела ќе и овозможи на Белата куќа да ги забрани ТикТок и другите странски технологии на национално ниво, сето тоа во име на националната безбедност.

Сенаторите Марк Ворнер, демократ и Џон Тун, републиканец, го претставија законот на Капитол Хил со целосна поддршка на претседателот Џо Бајден, за кој се вели дека дал значителен придонес за идното законодавство.

Законот за ограничување на заканите за информатичка и комуникациска технологија ќе му даде на министерот за трговија на САД нови овластувања да ги забрани ТикТок и другите странски технологии кои се сметаат за закана за националната безбедност.

Потенцијалниот закон не го спомнува конкретно ТикТок, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, и ќе ја опфати само странската технологија со потекло од Кина, Куба, Иран, Северна Кореја, Русија и Венецуела.

Белата куќа го повика Конгресот што поскоро да го усвои овој закон, кој е поддржан од десетина сенатори.

Американските законодавци со години се загрижени за огромните количини на приватни податоци собрани од милиони американски граѓани, особено деца, кои ја користат апликацијата TikTok. Тие се загрижени дека ByteDance на крајот ќе ги предаде собраните приватни податоци на кинескиот комунистички режим, ако веќе не е принуден да го стори тоа со сегашниот кинески закон.

На 27 февруари, Белата куќа издаде наредба да им даде на сите федерални агенции и вработени 30 дена да ја отстранат апликацијата ТикТок од уредите во државна сопственост.

„Оваа легислатива ќе и обезбеди на американската влада нови механизми за ублажување на ризиците за национална безбедност што ги предизвикуваат високоризичните технолошки компании кои работат во Соединетите држави и исто така ќе спречи појава на такви ризици во иднина“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

ТикТок тврди дека забраната од САД за апликацијата е „забрана за извоз на американската култура и вредности на милијарди луѓе кои ја користат нивната услуга ширум светот“.

Извршниот директор на ТикТок, Шо Зи-Чиу треба да се појави пред Конгресот на САД на 23 март.

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом минатата недела гласаше за специјален предлог-закон за да му се даде на претседателот Бајден овластување да го забрани ТикТок, но многу сенатори сметаа дека законот е избрзан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП