3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛеталото кое не чува од опасните астероиди

Леталото кое не чува од опасните астероиди

За проблемот со вселенскиот отпад се зборува се почесто, бидејќи ја загрозува опремата што човекот ја лансирал во вселената. Истрошените делови слободно лебдат низ космосот, а и најмалите може да загрозат животи и да предизвикаат сериозни оштетувања. Покрај отпадот за кој е одговорен човекот, постојат и астероиди кои се многу опасни.

Според податоците од 2019 година, над 170 милиони парчиња различен отпад циркулираат околу Земјата, а околу 29 илјади се движат со голема брзина. Повеќето од нив се фрагменти кои во одреден момент биле одвоени од поголеми делови. Околу 670 илјади парчиња се поголеми од еден сантиметар, што во иднина би можело да претставува потенцијална опасност за опремата во вселената и комуникацијата на Земјата.

Постојат и други опасности во пространоста на вселената – астероидите можат да станат голема закана. Затоа веќе извесно време се работи на техники кои би ги оттргнале од патот, доколку некогаш тргнат кон нас. Една таква мисија беше лансирана во ноември 2021 година. Со помош на ракетата Falcon 9, сондата за тестирање за пренасочување на двојниот астероид (DART) патуваше над 10 милиони километри, ја пресретна својата цел и се подготви за задачата: удри во астероидот 65803 Didymos.

Целниот астероид се состои од поголемиот Дидимос и помалиот Диморфос, а мисијата на НАСА беше насочена кон вториот. Акцијата започна на 27 септември 2021 година. Сателитот LICIACube беше задолжен за снимање на сондата и површината на астероидот. Сондата тежи 610 килограми, а нејзината цел бешее да го оттргне помалиот астероид од својот пат – по ударот би требало да се разликува за околу еден сантиметар во секунда. Звучи како мала работа, но тоа е промена која е доволна за да се оттргне астероидот од неговата опасна патека – само треба да се открие навреме.

Нешто повеќе од една година подоцна, беше потврдено дека DART може да не заштити од ударот на опасните астероиди во иднина. Леталото успешно ја заврши својата мисија на крајот на 2022 година, што значи дека се судри со астероидот Диморфос и го исфрли од курсот.

Астероидите Дидимос не се опасни за Земјата, па ова беше само вежба. Тестот е секако историски настан, бидејќи еден ден слична сонда би можела да ја спаси Земјата од поголем астероид или дури парче вселенски отпад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП