2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално - Ѓоковиќ не може да оди во САД

Официјално – Ѓоковиќ не може да оди во САД

Американските власти одбија да му дозволат на Новак Ѓоковиќ влез во САД бидејќи не бил вакциниран.

Новак побара медицинско ослободување затоа што прележал коронавирус, пред се затоа што оваа забрана ќе истече во САД во мај, но ниту тоа не помогна.

Поради ова тенисерот број еден во светот и официјално се повлече од ждрепката за Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Ѓоковиќ се повлече бидејќи во САД се уште е на сила одлуката странците кои не се вакцинирани против корона вирусот да не можат да влезат во таа земја.

Ѓоковиќ не бил вакциниран и не добил ослободување, а неговото место ќе го заземе Николоз Басилашвили, тенисер од Грузија.

Освојувачот на 22 Гренд слем титули загуби во петокот во полуфиналето на турнирот во Дубаи, а на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами нема учество од 2019 година.

Србинот, кој е еден од најистакнатите спортисти кои не се вакцинирани против вирусот, минатиот месец поднесе барање до американската влада за специјална дозвола за настап на АТП Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Се уште има шанси да заигра барем во Мајами, сепак по ваквата одлука на американските функционери се поизвесно е дека во Америка ќе влезе дури на лето.

Турнирот во Индијан Велс започнува во понеделник и ќе трае до 19 март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП