Мајкл Џордан и Скоти Пипен беа соиграчи во легендарниот тим на Чикаго Булс кој освојуваше титули во НБА лигата. Сега нивната „слава“ во Америка ја презедоа Маркус Џордан и Ларса Пипен.
Се работи за синот на Мајкл Џордан и поранешната сопруга на Скоти, Ларса Пипен (48). Тие се во љубовна врска и предизвикуваат огромно внимание во јавноста со оглед дека Ларса е 16 години повозрасна од Маркус.

