20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСепак „Apple“ го враќа својот евтин „iPhone“

Сепак „Apple“ го враќа својот евтин „iPhone“

Според аналитичарот Мингчи Куо, и покрај претходните извештаи дека „Apple“ ја откажал работата на телефонот „iPhone SE 4“, се чини дека компанијата сепак го ресетирала проектот.

Куо истакнува дека „iPhone SE 4“ ќе има OLED дисплеј, кој за прв пат ќе биде имплементиран во буџетската телефонска линија на компанијата, како и 5G модем дизајниран од „Apple“.

Аналитичарот предвидува дека телефонот ќе биде повеќе или помалку модификација на моделот „iPhone 14“ од 6,1 инчи и дека би требало да се произведува на почетокот на 2024-та година.

Не е познато дали ќе користи некои од премиум функциите од моделот „iPhone 14“, како што се Emergency SOS преку сателит, „Face ID“ и систем со двојна камера со ноќен режим. „iPhone SE“ од третата генерација ги немаше сите споменати функции.

Интересно, новиот извештај е сосема спротивен од она што Куо го објави во јануари, кога истакна дека „iPhone SE 4“ е одложен и дека „Apple“ ќе користи Qualcomm чипови за „iPhone 15“ и „16“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП