За прв пат, корисниците ширум светот можат да ги испробаат препознатливите камери Leica на flagship моделите на Xiaomi
Xiaomi ја претстави својата најнова flagship линија на паметни телефони – Xiaomi Series 13 на меѓународното лансирање што се одржа во Барселона. Како резултат на обемната соработка помеѓу Xiaomi и Leica во рамките на стратешкото партнерство во областа на технологијата за фотографија, моделите Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro им нудат на корисниците ширум светот целосно променето искуство за фотографирање со паметни телефони. Двата долгоочекувани модели носат професионални оптички леќи, како и мноштво напредни софтверски функции кои се карактеристични за автентичното искуство на Leica. Покрај тоа, уредите имаат и премиум карактеристики како најновиот процесор Snapdragon 8 Gen 2, како и специјален систем за управување со батерии развиен од Xiaomi наречен Surge, кој обезбедува моќни перформанси во сите области.
„Навистина сум импресиониран од најновите уреди од серијата Xiaomi 13 – ова се навистина големи промени“, рече Стив МекКарри (Steve McCurry), светски познат фотограф кој беше примен во Меѓународната куќа на славните на фотографијата и првиот кој е прогласен за амбасадор на брендот Leica.
Исто така, во оваа прилика беше претставен моделот Xiaomi 13 Lite кој носи подобрени можности на камерата наменети за младите, како што е одличен режим на фотографирање портрети.
Фотографии со врвен квалитет благодарение на добро познатата технологија на Leica
Секој аспект од системот на камерата на Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro, од хардверот и квалитетот на сликата до дизајнот на UI/UX, е создаден преку партнерство со Leica кое има за цел да им донесе на корисниците професионално искуство за фотографирање со паметни телефони. И двата модели се опремени со систем од три камери со оптички леќи Leica.
Xiaomi 13 Pro има Leica Vario-Summicron 1:19-2.2/14-75 ASPH систем за камера што покрива фокусни должини од 14 mm до 75 mm, кој се состои од главна широкоаголна камера со агол од 23 mm со ултра голем 1-инчен сензор IMX989, лебдечка телефото камера од 75 mm и ултра широкоаголна камера од 14 mm. Првпат претставен на моделот Xiaomi 12S Ultra, сензорот IMX989 е најголемиот сензор некогаш вграден во паметен телефон. Со висок динамички опсег и добри способности за снимање светлина, како и висока стапка на освежување, големиот сензор обезбедува живописни слики со остар контраст и дефинирани текстури кои го откриваат секој фин детаљ. Усвојувајќи ја технологијата за внатрешно фокусирање на ниво на DSLR, новиот 75 мм телефото објектив за паметни телефони користи лебдечки дизајн на леќи за да постигне фокусен опсег од 10 cm до бесконечност – совршен за прекрасни портрети и прекрасни фотографии снимани од голема близина.
Од друга страна, Xiaomi 13 има опсег на оптички зум од 0,6x до 3,2x, а исто така има и 75mm телефото објектив.
Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro нудат широк спектар на детални опции за поставување на камерите за да ги воодушеват сите оние кои секојдневно ја користат камерата на својот телефон, но исто и професионалните фотографи. Системот на главна леќа, што е софтверска фукција, обезбедува долга фокусна должина и длабочина на поле за снимање совршени портрети. Корисниците исто така можат да избираат од два различни стила на фотографирање – Leica Authentic Look и Leica Vibrant Look, кои даваат одлични естетски можности на сликите кои имаат точна, умерена заситеност на боите. Исто така, корисничкиот интерфејс е лесен за користење и вклучува забавни функции како Leica филтри, воден печат на Leica и како и класичниот Leica звук на блендата.
Xiaomi Imaging Engine им овозможува на Xiaomi 13 Pro и Xiaomi 13 да ги имаат најсилните софтверски можности за фотографирање меѓу сите flagship модели на Xiaomi. Не само што ја подобрува брзината на фотографирањето, туку и им овозможува на уредите автоматски да се фокусираат на одредени подвижни објекти со Xiaomi ProFocus, што дополнително го подобрува целокупното искуство со камерата.
Нудејќи одлична оптимизација на сликата, двата паметни телефони овозможуваат рачно прилагодување на параметрите за фотографирање во професионален режим. Xiaomi 13 Pro поддржува 10-битна RAW DNG камера и профили во боја создадени од Adobe, оставајќи им на професионалците повеќе простор за дополнително приспособување во Adobe Photoshop и Adobe Lightroom.
Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro исто така се одлични во снимањето видео. Двата уреди претставуваат исклучителна алатка за професионалните видеографи и им овозможуваат на корисниците да „создаваат со технологијата Dolby Vision“ со живи бои, остар сооднос на контраст и богати детали, како и да снимаат 4K Ultra ноќни видеа и нудат HyperOIS видео стабилизација за снимање со исклучителен квалитет на видео .
Неверојатна брзина и перформанси благодарение на Snapdragon 8 Gen 2, како и сигурноста и моќта со Xiaomi Surge
Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro имаат flagship Snapdragon 8 Gen 2 процесор кој носи подобрена графичка обработка преку перформансите на графичкиот процесор, како и подобрување на енергетската ефикасност од 42% и 49% соодветно во споредба со претходната генерација, додека перформансите и енергетската ефикасност на процесорот се подобрени за 37% и 47%.1 Овие моќни перформанси гарантираат леснотија и брзина во справувањето со задачите како што се компјутерска фотографија, вештачка интелигенција во реално време и играње игри, додека го продолжуваат животниот век на батеријата во текот на денот.
Уредите нудат и поддршка за Wi-Fi 7 со Qualcomm FastConnect 7800 Mobile Connectivity System. Xiaomi 13 Pro, исто така, ја носи и технологијата за мулти-линк со симултан висок опсег (HBS) која овозможува повеќекратни и симултани конекции од 5GHz и 6GHz и е способна да постигне ултра високи брзини до 5,8 Gbps, заедно со намалено доцнење и одлични мрежни способности2. Xiaomi 13, од друга страна, користи Dual Band Simultaneous (DBS) Multi-Link технологија и може да постигне мрежна брзина до 3,6 Gbps.2
Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro се опремени и со системот за управување со батерии Xiaomi Surge кој користи чип за полнење развиен од Xiaomi за подолг работен век и подобрено искуство. Опремен со батерија од 4.500 mAh, со најголемо количество енергија со иста моќност, Xiaomi 13 лесно ќе помине цел ден на употреба. Поддржува и жично турбо полнење од 67 W и безжично турбо полнење од 50 W. Xiaomi 13 Pro од друга страна има уште поголема батерија од 4.820 mAh со 120 W и технологија HyperCharge што овозможува да се наполни до 100% за само 19 минути.3
Премиум flagship модел со минималистички дизајн и најдобар екран во класата
Моделите Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro имаат сосема нов минималистички дизајн кој ги истакнува нивните моќни технолошки спецификации.
Достапен во класични и неверојатни бои, црна и цветно зелена, Xiaomi 13 се одликува со стилски дизајн со рамен екран со прави рабови и 2,5D заоблен дизајн на задниот дел. Привлечен и удобен за држење, Xiaomi 13 има неверојатен сооднос меѓу екранот и телото од 93,3% и ултра тенки рамки од 1,61 mm, што овозможува неверојатно доживување при гледањето, особено за уред со оваа големина. Опремен со голем 6,36″ FHD+ AMOLED екран, Xiaomi 13 овозможува прикажување на содржината со врвна прецизност и осветленост на боите со E6 AMOLED материјал со помала потрошувачка на енергија.
Xiaomi 13 Pro, од друга страна, има 3D заоблено керамичко тело кое дава изедначен изглед. Доаѓа во две бои, керамичко бело (Ceramic White) и керамичко црно (Ceramic Black), и е удобен за држење. Со 120Hz WQHD+ AMOLED дисплеј, овој поголем екран од 6,73″ е вистинско мало чудо. Благодарение на истиот материјал E6, тој е способен да прикаже 1.200 нити осветленост на цел екран и 1.900 нити максимална осветленост, како и да прикажува точни бои со технологијата TrueColor Со поддршка за Dolby Vision®, HDR10+, HDR10, HLG, како и Dolby Atmos®, уредот обезбедува навистина извонредно аудио-визуелно искуство.
Двата уреди нудат IP685 отпорност на прашина и вода, обезбедувајќи оптимална заштита и безгрижност при употреба.
Xiaomi 13 Lite може да се пофали со сестраност на двојните предни камери за сите љубители на социјалните мрежи.
Xiaomi 13 Lite е прилагоден на младите корисници кои уживаат да прават уникатни селфи фотографии, story видеа и пејзажи. Опремен со двојни предни камери и различни софтверски функции, овој уред е специјално дизајниран да ги задоволи нивните потреби. Додека предната камера од 32 MP снима кристално јасни слики, предната камера од 8 MP помага да се обезбедат дополнителни информации за длабочината за природен ефект на боке на овие автопортрети. Додавајќи им вредност на страствените креатори на социјалните мрежи, уредот нуди и корисни и забавни функции како што е динамично кадрирање, кое интелигентно го детектира бројот на луѓе во кадарот, автоматски го прилагодува видното поле и зумира или одзумира по потреба, со што се намалуваат изобличувањата на селфи фотографиите, како што се и опциите за селфи зум, џебен ретровизор и Xiaomi Selfie Glow – сите дизајнирани да овозможуваат висококвалитетни селфи фотографии и видео повици. За да ги извршува секојдневните задачи без проблеми, Xiaomi 13 Lite е опремен со моќна мобилна платформа Snapdragon 7 Gen 1, прекрасен AMOLED дисплеј од 120 Hz, заедно со способност за брзо полнење од 67 W. Сето ова доаѓа во 7,23 mm тенко тело и тежина од 171 g со батерија од 4.500 mAh, што го прави уредот практичен за секојдневна употреба.
Цени и достапност
Во периодот од 26 февруари до 6 март, со секој нарачан Xiaomi 13 Pro уред во верзија 12/512GB, како и Xiaomi 13 8/256GB, покрај попустот во износ од 9.000 денари, сите корисници исто така ќе добијат бежични слушалки Xiaomi Buds 3) .
Од друга страна, сите оние кои ќе се одлучат за моделот Xiaomi 13 Lite 8/256GB ќе добијат и Xiaomi Buds 3.
Xiaomi Series 13 ќе биде достапен во продажба од 7 март преку официјалните канали на Xiaomi.
Xiaomi 13 Pro доаѓа во две бои: керамичко црна и керамичко бела, со 1 варијанта со простор за складирање, а цената за 12GB+256GB ќе биде 78.999 денари.
Xiaomi 13 доаѓа во две бои: црна и цветно зелена, со 1 варијанта со простор за складирање од 8GB+256GB и неговата цена ќе изнесува 60.999 денари.
Xiaomi 13 Lite доаѓа во три бои: светло сина, светло розова и црна, со 1 варијанта со простор за складирање од 8GB+256GB по цена од 29.999 денари.