27 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИЕврото рекордно високо наспроти доларот!

Еврото рекордно високо наспроти доларот!

euro_and_dollar

Европската валута зема силен замав и покажува голема јачина во однос на американскиот долар. При претходните анализи напоменавме дека цената на форекс парот EUR/USD е навлезена во јак нагорен тренд после пробивање на еден од највлијателните историски нивоа 1,3350 како и над1,3500 при што обемот на купувачи уште повеќе се зголемува.

При вакви случаеви наша напомена е да не се продава контра оштар нагорен тренд, напротив, да се искористи трендот со интензивно купување при секоја корекција од подобра цена и секојдневно да се реализираат профити колку што изнесува разликата од моментот на купување до следниот повисок отпор.

Вчерашниот ден ни донесе ново искачување на цената на EUR/USD, ефектно, по нашата анализа од цена на поддршка1,3470 до првиот отпор 1,3535.

Денес на пазарот најверојатно ќе следи континуиран раст или пратење на трендот, а цена на поддршка е моменталната1,3520 или пониска за евентуален влез со налог за купување од цена 1,3500 за потоа цената најверојатно да скокне во тек на денот до највисоко рекордно ниво 1,3590.

Доколку се оствари предвидувањето цената да се искачи до 1,3590, веќе тука наидува на еден посилен отпор каде може да продадеме до нова куповна цена 1,3530.

Доколку сте купувале на Форекс берзата преку сметката за тргување според анализите кои ви ги презентираме на пример од претходната недела со куповен налог со обем од 10 лота од цената 1,3350, при моменталната цена 1,3530вашиот профит би изнесувал 18 000 долари или со куповен налог од 1 лот заработката изнесува 1800 долари. За микро трговците со големина од 0,1 лот со профит од 180 долари или минимален лот од 0,01 со профит од 18 долари.

Графички приказ за вчерашна и денешна анализа:

eurusd_26_09oooo1111

 

Ваш најдобар брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП