3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПронаоѓачот на мобилниот телефон доби награда за животно дело: „Веќе немаме приватност“

Пронаоѓачот на мобилниот телефон доби награда за животно дело: „Веќе немаме приватност“

Мартин Купер, човекот кој го измисли мобилниот телефон, ја доби наградата за животно дело на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, најголемиот светски саем за безжични комуникации.

Држејќи го прототипот на првиот мобилен телефон наречен „тула“ што го измислил пред 50 години, Мартин Купер оптимистички зборувал за иднината на мобилната технологија, но изразил и загриженост за ризиците што паметните телефони ги претставуваат и за приватноста и за младата популација, се вели во извештајот на Асошиетед прес.

„Моето најнегативно мислење е дека веќе немаме никаква приватност бидејќи сè за нас е снимено некаде и достапно за некој кој има доволно силна желба да го види или слушне“, вели 94-годишниот Купер.

Покрај „ерозијата на приватноста“, Купер изрази загриженост и за негативните нуспојави на кои се изложени корисниците на паметни телефони и социјалните мрежи, како што се зависноста од интернет и полесниот пристап на децата до штетна содржина.

Опишувајќи се себеси како сонувач и оптимист, Купер изрази надеж дека напредокот во технологијата за мобилни телефони има потенцијал да ги револуционизира областите како што се образованието и здравствената заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП