2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПалермо го отпушти Гатузо

Палермо го отпушти Гатузо

gatuzo

Раководството на Палермо објави дека го ослободува Џенаро Гатузо од тренерската позиција во клубот. Новиот тренер на сицилијанците е Џузепе Јачини.

35-годишниот Гатузо беше отпуштен од функцијата, а причина за тоа е лошиот почеток на сезоната. Разрешување е резултат на тоа дека по одиграните само 6 кола во Серија Б, тимот на Палермо освои 7 бода.

„Ние со жалење Ве информираме дека Џенаро Гатузо беше ослободен од обврските кон клубот. Неговото место ќе го заземе Џузепе Јачини со кој се надеваме дека ќе успееме да го пласираме тимот назад во Серија А“, се вели во соопштението на официјалниот сајт на Палермо.

На последниот натпревар избраниците на Гатузо загубија со 2:1 против тимот на Бари. Тој го остава тимот на 12-та позиција во второто по ранг натпреварување во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП