5 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПХороскопски знаци на кои ќе им се подобри финансиската состојба во март

Хороскопски знаци на кои ќе им се подобри финансиската состојба во март

Се ближиме до март, периодот кога доаѓаат големи астролошки промени. Овој месец ќе се случат два големи астролошки настани – Сатурн ќе се пресели од Водолија кон Риби, а Плутон ќе го напушти Јарецот и ќе влезе во Водолија по 15 години.

Тоа ќе има големо влијание на сите знаци и во финансиска смисла, но сепак овие пет знаци ќе имаат повеќе среќа од останатите.

Риба
Од вас се очекува унапредување во форма на позиција, но тоа секако значи дека ќе имате поголема плата. Ќе инвестирате во одредени проекти, а таквата инвестиција ќе ви се исплати.

Вага
Во последно време не сте задоволни, бидејќи давате многу повеќе отколку што добивате. Универзумот те слушна и конечно сè си доаѓа на свое место. Вашата инвестиција и труд ќе се исплатат. Може да очекувате и промоција.

Рак
Сакате да ја смените работата и ќе добиете понуда која нема да можете да ја одбиете, бидејќи финансиски ќе ви се исплати многу. Ќе бидете многу успешни, а парите ќе доаѓаат од најнеочекувани извори.

Близнаци
Амбициозните планови ќе се исплатат и ќе донесат стабилен приход. Доколку имате дилеми поврзани со работата или финансиите, брзо ќе ги решите. Доволно е да се потпрете на себе и на своите способности.

Бик
Се знае колку Бикот сака пари, а овој месец ќе ве сака и вас. Во март Меркур ќе биде во вашата единаесетта и дванаесетта куќа, па ќе остварите важни соработки. Во вториот дел од март ве очекува нов извор на приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП