19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот „Rolls-Royce“ е создаден да трае 400 години (ФОТО/ВИДЕО)

Електричниот „Rolls-Royce“ е создаден да трае 400 години (ФОТО/ВИДЕО)

Два милиони километри, екстремни временски услови и посветеност на секој детал беа потребни за „Rolls-Royce“ да вклучи електричен модел во својата понуда.

Развојот на „Spectre“ продолжува, а „Rolls-Royce“ објави нов сет на фотографии од тестовите во Јужна Африка, каде тестираните километри беа покриени од западниот до источниот брег, вклучувајќи и чакал.

Во исто време, фокусот повеќе не е на перформансите во возењето, бидејќи таа работа беше изведена на два милиони тест-километри на екстремен студ, но и топлина. Остануваат уште околу половина милион километри до крајот на тестирањето.

Наместо тоа, производителот сега се фокусираше на оптимизирање на поставките за контраст на екранот за различни агли на инциденца и интензитет на сончевите зраци. Дополнително, повторно беше тестиран веќе оптимизираниот аудио систем со 17 звучници, а тест-возачите мораа да слушаат однапред подготвена колекција песни.

Бидејќи „Rolls-Royce“ не остава ништо на случајноста, логично е дека при развојот на новиот модел ќе се земат предвид деталите и сите ќе бидат тестирани во пракса.

Можеби најдобриот пример е тоа што се потрошени дури 1.500 тест-часови за оптимизирање на системот за регенеративно сопирање, додека целата програма за тестирање симулира 400 години употреба, истакнуваат од компанијата.

„Rolls-Royce“ можеби претерува во ова, но не претерува кога се во прашање информациите за погонските единици, со оглед на тоа што веќе беше најавено дека автомобилот ќе има 585 ks максимална моќност и автономија од 520 km.

Цената сѐ уште не е позната, а првите испораки на електричниот модел „Spectre“ се очекуваат кон крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП