Хари Мегваер го загуби местото во првиот состав на Манчестер Јунајтед, но е капитен на тимот, и Бруно Фернандеш го покани заедно да го подигнат победничкиот пехар во Лига купот, по триумфот над Њукасл. Сепак, сите зборуваат за тоа како англискиот дефанзивец го игнорираше сопственикот на клубот, Аврам Глејзер.
Мегваер по добивањето на медалот целосно го изигнорира Глејзер и не му подаде рака, а многумина веруваат дека со овој потег тој дефинитивно стави точка на кариерата во Манчестер Јунајтед.

