26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНова надеж за заболените: Се развива вакцина против рак, првите тестирања наскоро

Нова надеж за заболените: Се развива вакцина против рак, првите тестирања наскоро

BioNTech од Мајнц сака да ги донесе на пазарот своите нови вакцини против рак до 2030 година. Најавија дека годинава ќе тестираат вакцини на неколку илјади пациенти.

Првите тестови треба да започнат во Обединетото Кралство подоцна оваа година. Она што тие се надеваат е дека вакцинацијата наскоро треба да стане дел од секојдневниот третман во борбата против ракот.

До 2030 година, инјекцијата за рак може да биде дел од секојдневниот третман. Со британските партнери, BioNTech сака да обезбеди брз напредок на процесот на вакцинација.

Шефот на BioNTech, Угур Шахин, изјави за германски Der Spiegel дека верува дека вакцините ќе бидат можни и достапни за пациентите дури и пред 2030 година.

Неговата сопруга д-р Озлем Туречи изјави дека има ветувачки показатели за ефикасноста на вакцините.

Компанијата во моментов истражува неколку вакцини против рак на mRNA. За некои од кандидатите гледаме докази за клиничка активност. Клиничката активност значи активирање на имунолошкиот систем, така што кај дел од пациентите видно се намалува или исчезнува ракот, а рецидивите се поретки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП