4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУште еден чекор на патот до титулата, Наполи победи во Емполи

Уште еден чекор на патот до титулата, Наполи победи во Емполи

Фудбалерите на Наполи славеа на гостувањето против Емполи со 2:0 во натпреварот од 24. коло на Серија А.

Тренерот на Наполи Лучано Спалети се врати на местото каде што ја заврши кариерата како играч и ги направи првите тренерски чекори. На теренот Спалети и неговите играчи немаа милост.

Наполитанците прашањето околу победникот го решија во првите 30 минути. Најпрвин во 17. минута Исмајили си постигна автогол, а потоа Осимен во 28.минута го постигна вториот гол.

За нигерискиот напаѓач тоа беше 19ти гол во Серија А оваа сезона, засега е најдобар стрелец во Италија.

До крајот на мечот директнен црвен картон доби Марио Руи во 67. минута, а во 71.минута на теренот влезе и Елеиф Елмас.

Ова е осми последователен триумф на Наполи и е убедливо прв со 65 бодови, 18 повеќе од второпласираниот Интер, кој допрва треба да го одигра својот меч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП