4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААстрономите открија „забранета“ планета: Шок меѓу научниците, специјален телескоп на НАСА ги...

Астрономите открија „забранета“ планета: Шок меѓу научниците, специјален телескоп на НАСА ги поби сите теории

Научниците открија планета со големина како Јупитер која орбитира околу ѕвезда четири пати поголема од неа.

Астрономите открија необична планета која колоквијално се нарекува „Забранета планета“, пренесува „Спејс“. Оваа „забранета планета“ во нејзиниот систем се состои од планета со големина на Јупитер и помала ѕвезда која е четири пати поголема од Сончевиот систем.

Оваа новооткриена планета орбитира околу црвено џуџеста ѕвезда наречена TOI-5205. Оваа ѕвезда е помала и поладна од Сонцето. Поради нивната големина и ниските температури, овие ѕвезди имаат црвена боја, а тоа ги разликува од Сонцето по изглед.

Постоењето на оваа планета го потврди и специјален тим научници кои користеа телескопи од земјата заедно со други инструменти. Оваа „егзопланета“ е означена како TOI-5205B, и теоретски би требало да има повеќе планети околу себе од некои други видови ѕвезди, но оваа ѕвезда ја разбива претходната теорија на астрономите.

Според научниците, планетарниот систем TOI-5205 изгледа како грашок кој кружи околу лимон. Научниците користеле специјален телескоп на НАСА „ТЕСС“ кој го користел падот на светлината предизвикан од планетата што минувала пред нејзината ѕвезда. Овој феномен се нарекува „транзитен метод“ и овој метод сочинувал околу седум проценти од вкупната излезна светлина на ѕвездата. Затоа е откриена таканаречената „забранета планета“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП