Со популарноста обично доаѓаат проблеми, последниот пример е ChatGPT на OpenAi. Сајбер-криминалците често ги злоупотребуваат услугите за кои сите зборуваат, па тоа се случи и овој пат.
Новиот четбот им служеше да шират малициозен софтвер за Windows и Android, а сериозноста на проблемот е јасна ако се знае дека во јануари бројот на корисници надмина 100 милиони. Нападот започнува со хакери кои им ветуваат на потенцијалните жртви бесплатен премиум ChatGPT, со цел да ги мотивираат да преземаат и инсталираат малициозен софтвер на нивните уреди кои потоа собираат чувствителни податоци. За ова користат и лажни Фејсбук страници кои го користат вистинското лого на ChatGPT, а од нив целите се пренасочуваат кон злонамерните веб-страници.

