НБА Олстар натпреварот, кој се одигра минатиот викенд, заврши со резултат 184:175. Тоа доволно отсликува дека најдобрите играчи во лигата играа премногу ревијално, одбрана не се играше, а си дозволуваа да шутираат и забиваат без да имаат ривал.
Ваквиот пристап на играчите се одрази и на гледаноста. Како што објави „Sports Media Watch“, годинашниот Олстар натпревар во Америка на телевизија привлече само 4,59 милиони гледачи. За споредба, минатата година Олстар мечот го гледале нешто помалку од пет милиони гледачи, а претходната година околу шест милиони.

