29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Макпетрол“ со 13 медали најуспешен на државното карате-првенство за сениори

„Макпетрол“ со 13 медали најуспешен на државното карате-првенство за сениори

Со шест златни, пет сребрени и две бронзени медали, карате клубот „Макпетрол“ оствари најдобар резултат на државното првенство за сениори што викендов се одржа во Скопје. Во своите тежински категории, шампиони на Македонија станаа Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.).

Освен во индивидуалните категории, на прво место се пласираа и машката и женската екипа на „Макпетрол“. Симона Заборска (капитен), Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска, Јована Мицковска и Марија Петровска го сочинуваа женскиот тим, додека Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Глигор Петков и Витомир Трајковски беа дел од машката шампионска екипа на скопскиот клуб.

На државното првенство со сребро се закитија: Марија Петровска (-50 кг.), Јована Мицовска (-61 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.) и Глигор Петков (+84 кг.). Бронзени медали освоија Симона Заборска (-61 кг.) и Викторија Јовановска (-61 кг.).

Тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски, е задоволен од постигнатото и од прикажаните борби на сите членови на клубот, а според него, најважно е што тимот во текот на шампионатот повторно демонстрира модерно и врвно карате.

-Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Во поединечна конкуренција имавме успешни настапи во машка конкуренција и финалните борби во полутешка и тешка категорија беа со наши членови. И во екипните натпревари во дисциплината борби имавме одлично претставување. Освоивме златни медали и во машка и во женска конкуренција, односно двата наши тима државни шампиони – истакна Заборски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП