25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТесла повлекува повеќе од 360.000 возила поради ажурирање на софтверот

Тесла повлекува повеќе од 360.000 возила поради ажурирање на софтверот

Тесла најави повлекување на стотици илјади возила откако американските власти соопштија дека нејзината технологија за самоуправување може да го зголеми ризикот од сообраќајни несреќи. Таканаречениот Бета систем за целосно автономно возење „може да придонесе за небезбедно движење на возилото околу раскрсниците“.

Системските грешки „го зголемуваат ризикот од судар доколку возачот не интервенира“, соопшти американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), пренесе Блумберг. Преминувањето на раскрсниците на жолти светла е особено ризично, а повлекувањето влијае на 362.758 возила, вклучувајќи ги Model 3, Model X, Model Y и Model S.

Се очекува Тесла да го реши проблемот преку надградба на софтверот до 15 април, соопшти Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата. Првиот човек на компанијата Тесла, Илон Маск директно не ја коментираше одлуката на менаџментот, но во објава на Твитер изјави дека терминот отповикување е „погрешен“, бидејќи проблемите може да се решат со ажурирање на софтверот.

Технологијата за автоматизирано возење на возилата на Тесла долго време е под лупа на релевантните агенции во Вашингтон. NHTSA ги истражува поплаките за автопилотските автомобили на Тесла кои ненадејно сопираат при големи брзини. Тесла беше обвинет и за преувеличување на можностите на својата технологија.

Експертите за безбедност во сообраќајот велат дека главниот проблем е неисправната терминологија, која вклучува погрешни имиња како „целосно автономно возење“ и „автопилот“. Веб-страницата на Тесла забележува дека неговите автономни карактеристики „бараат активен надзор од возачот и не го прават возилото автономно“.

Акциите на Тесла паднаа за 5,7 отсто во четвртокот по најавата за повлекување возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП