6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСтудентите од Педагошкиот факултет во Битола оставени без субвенциониран студентски оброк

Студентите од Педагошкиот факултет во Битола оставени без субвенциониран студентски оброк

Студентите од Педагошкиот Факултет при УКЛО во Битола поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври.

До Студентски Отпор пристигнаа голем број на поплаки во изминатиов период во однос на на овој проблем кој според нашите дојави е настанат од неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти, се вели во соопштението.

Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства, вела студентите.

Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема, се вели во соопштението на Студентски отпор.

Затоа јавно, повторно повикуваме министерот за образование Јетон Шаќири, како одговорен за најнеспособното министерство за образование во историја на независна Македонија да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Бидејќи очигледно не е способен да ја врши оваа функција на задоволително ниво, порачуваат од Студентски отпор.

Студентски отпор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП