6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТен Хаг: Требаше да дадеме четири гола, а судијата не покажа црвен...

Тен Хаг: Требаше да дадеме четири гола, а судијата не покажа црвен картон за Барселона

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше одушевен од настапот на неговиот тим на гостувањето кај Барселона во првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на Европа. Натпреварот заврши 2:2, а Холанѓанецот смета дека неговиот тим лесно можел да постигне четири гола на „Камп Ноу“.

Тој се пожали и на судијата Маурицио Маријани поради недосуден црвен картон на Жил Кунде за прекршокот над Рашфорд.

„Кога ќе му гостувате на најдобриот тим во Шпанија и вие сте тимот што доминира, тоа е добро. Требаше да го добиеме овој натпревар. Тоа беше дуел меѓу две екипи од највисоко ниво. Сите ќе се согласат дека видовме квалитетен фудбал, а јас сум презадоволен од мојот тим“, започна Тен Хаг.

„Ако треба да бидам критичен, би рекол дека требаше да бидеме попрецизни пред голот. Имавме многу шанси кои не ги реализиравме. Не очекувате толку многу шанси на вакви натпревари, но успеавме да ги создадеме. Требаше да постигнеме четири гола, а противникот требаше да добие црвен картон“, смета Холанѓанецот.

„Го прашав судијата зошто не досуди фаул и тој рече дека е надвор од шеснаесетникот и немало прекршок. Мислам дека и асистентот и главниот судија беа во добра позиција да видат што се случи, а има и ВАР-систем. Тоа беше многу лоша одлука и не можам да ја разберам. Можеби на крајот бевме загрижени од пресингот на Барса, но тоа е нормално на ваков натпревар на ова ниво“, истакна менаџерот на Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП