28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКако според „Дејли мејл“ денес би изгледала репрезентацијата на Југославија

Како според „Дејли мејл“ денес би изгледала репрезентацијата на Југославија

„Дејли мејл“ се занимаваше со тема која постојано ја мачи фудбалска Европа. Како денес би изгледала репрезентацијата на Југославија? Поранешната држава се распадна во војните во деведесеттите години од минатиот век. Таа Југославија често на хартија имаше моќни тимови, кои ретко постигнуваа забележителни резултати.

Англичаните го ставија тимот во формација 3-4-1-2, а во тимот има четворица Хрвати и Срби и и по еден Црногорец, Босанец и Словенец, а само Македонија нема претставник од поранешните републики.

На голот е како што пишуваат Англичаните „најдобриот светски голман“, Јан Облак. Во одбранбениот бедем пред него се Црногорецот Стефан Савиќ, Јошко Гвардиол (Хрватска) и Никола Миленковиќ (Србија).

Четворката во средниот ред е составена од Хрватите Иван Перишиќ, Матео Ковачиќ, Лука Модриќ и Србинот Душан Тадиќ.

Како полушпиц би делувал Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија).

Нападот на овој тим би го предводеле Душан Влаховиќ (Србија) и Един Џеко (БиХ).

На крајот Англичаните потсетија на најголемите успеси на репрезентацијата на Југославија, полуфиналињата на СП во 1930 и 1962 година, како и двете финалиња на ЕП 1960 и 1968 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП