5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричните автомобили веќе заземаат 14% од глобалниот пазар

Електричните автомобили веќе заземаат 14% од глобалниот пазар

Повеќе од 10 милиони електрифицирани автомобили се продадени во 2022-ра година, што претставува околу 14% од вкупната глобална продажба.

Според податоците од „EV-Volumes“, пет производители на автомобили се одговорни за повеќе од половина од целата продажба на возила со приклучок за електрична енергија.

Во категоријата „plug-in“, која комбинира целосно електрични (BEV) и „plug-in“ хибридни (PHEV) возила, првите пет остануваат непроменети. Лидер е „BYD“, кој ја заврши 2022-ра година со над 1,985 милиони продажби и пазарен удел од 18,4%. Кинеската компанија тројно го зголеми својот резултат во споредба со 2021-ва година.

„Tesla“, кој го освои првото место во 2018-та, 2019-та, 2020-та и 2021-ва година, овојпат е на второто место, зад „BYD“ за повеќе од половина милион единици. Ова го намали пазарниот удел на „Tesla“ во сегментот на „plug-in“ на 13,0% (од 14,4% пред една година).

Групацијата „Volkswagen“ исто така загуби една позиција за да заврши на третото место во 2022-ра година со над 831.000 продажби. Тоа е 8,2% од вкупниот број, во споредба со 11,7% пред една година.

Топ 5 ги вклучува и „SAIC“ со 724.911 продажби (7,2% удел на пазарот) и „Geely-Volvo“ со 606.114 (6,0%). Вкупниот број на продажби на топ 5 производители е 5.334.548, што значи пазарен удел од 52,8%.

За целосно електричните возила, работите се малку поинакви, бидејќи „Tesla“, која продава само „BEV“, е многу понапред од останатите. Во 2022-ра година, американската компанија продаде 1.314.330 нови автомобили или пазарен удел од 18,2%. Сепак, тој е намален во однос на 2021-ва година, кога беше 23%.

На второ место е „BYD“ со 915.0502 единици (12,6%), при што Кинезите речиси го удвоија својот пазарен удел од 7% една година порано. И тука, другиот голем кинески холдинг, „SAIC“ е трет, со продажба од 671.725 (9,3%) возила.

Меѓу лидерите во целосно електрични возила се и „VW Group“ со 571.067 (7,9%) и „Geely-Volvo“ со 383.936 продажби (5,3%). Топ 5 во рангирањето продале вкупно 3.854.110 целосно електрични автомобили, што значи пазарен удел од 53,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП