3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако киселата зелка влијае на холестеролот и тежината?

Како киселата зелка влијае на холестеролот и тежината?

Киселата зелка е нискокалорична и богата со растителни влакна, што му помага на човекот да се чувствува сито подолго време.

Поради ферментацијата што ја поминува, киселата зелка има здравствени придобивки кои се далеку поголеми од оние на свежата зелка и е богата со витамини Ц и К1, железо, фолна киселина, манган, бакар и калиум.

Процесот на ферментација иницира корисни пробиотици или „живи бактерии“ и овие пробиотици, заедно со процесот на ферментација, ја прават киселата зелка толку здрава храна. Киселата зелка е исто така еден од ретките растителни извори на менакинон, попознат како витамин К2.

Кисела зелка и нејзините бројни здравствени придобивки

Киселата зелка е особено хранлива бидејќи се подложува на ферментација, процес при кој микроорганизмите на зелката ги варат нејзините природни шеќери и ги претвораат во јаглерод диоксид и органски киселини. Ферментацијата започнува кога квасецот и бактериите, кои природно се присутни на зелката и рацете, како и во воздухот, ќе дојдат во контакт со шеќерите во зелката. Тој процес на киселење на зелката создава услови кои го поттикнуваат растот на корисни пробиотици, кои ги има и во производите како јогуртот и кефирот. Пробиотиците се бактерии кои се многу здрави и помагаат да се направи храната посварлива, што ја зголемува способноста на цревата да ги апсорбира витамините и минералите што ги содржи зелката. Од сите здравствени придобивки, експертите посветуваат посебно внимание на тоа како ферментираната зелка влијае на варењето, на срцето и на телесната тежина.

Киселата зелка го подобрува варењето

Една порција кисела зелка има 2 грама влакна, хранлива материја позната дека помага во дигестивниот процес. За луѓето кои имаат проблем со запек, влакната ја зголемуваат тежината и големината на столицата и ја омекнуваат, со што го олеснуваат и мокрењето. За луѓето кои страдаат од дијареа, влакната можат да помогнат со апсорпција на вишокот вода и зацврстување на столицата.

Сепак, не е само содржината на влакна во киселата зелка што ја прави оваа храна толку добра за варење. Кисела зелка е исто така преполна со пробиотици кои можат да го подобрат целокупното здравје на цревата. Оваа комбинација ја прави киселата зелка одлична храна за варење.

Поттикнува губење на тежината

Дебелината се јавува кај сè поголем број луѓе, што ги става на ризик од срцеви заболувања, дигестивни проблеми и дијабетес тип 2. Постојат неколку причини зошто киселата зелка може да ви помогне да изгубите тежина. Како прво, киселата зелка е нискокалорична и богата со растителни влакна, што му помага на човекот да се чувствува сито подолго. Ова може да помогне да се намали количината на храна што се јаде во текот на денот без да се чувствувате гладни. Пробиотиците во киселата зелка, исто така, можат да ја намалат апсорпцијата на мастите, а истражувањата покажуваат дека пробиотиците се клучни за губење на тежината.

Го одржува доброто ниво на холестерол и го одржува срцето здраво

Постојат голем број фактори кои ги поддржуваат здравствените придобивки од киселата зелка. Тоа што е богато со влакна и добар извор на корисни пробиотски бактерии ја прави киселата зелка корисна за балансирање, одржување на здрави нивоа на холестерол. Зелката е исто така добар извор на калиум, кој заедно со пробиотиците може да го намали високиот крвен притисок и да го задржи во нормални граници. Зелката е исто така извор на витамин К2, кој помага да се спречи таложење на наслаги на калциум во артериите, можна причина за атеросклероза. Атеросклерозата е процес кој обично ги зафаќа големите и средните артерии и предизвикува промени на внатрешниот ѕид на артериите, кои се состојат од акумулација на маснотии, делови од мртви клетки, разни крвни продукти и калциум. Со текот на времето се јавува затнување, артериите стануваат тврди и крути, односно нееластични, а протокот на крв низ артериите се намалува. Резултатот е намалено снабдување со крв и кислород во телото.

Со оглед на тоа дека ферментираната зелка е полна со натриум, а една порција содржи 9 проценти од препорачаната дневна доза, се препорачува луѓето кои треба да внимаваат на дневниот внес на сол да не ја консумираат во големи количини. Познато е дека премногу сол може да доведе до зголемен ризик од срцеви заболувања, мозочен удар, бубрежна болест и конгестивна срцева слабост. За да го спречите тоа, советот е да се ограничите на една порција кисела зелка дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП