Манчестер јунајтед се мачеше во поголемиот дел од гостувањето на „Еланд роуд“ кај традиционалните ривали Лидс јунајтед, за Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо во финишот на мечот да постигнат голови за 0:2 победа и привремено искачување на „ѓаволите“ на второто место во Премиерлигата.
Само неколку дена откако одиграа разочарувачко 1:1 реми на „Олд Трафорд“ против истиот противник, Јунајтед одиграа лошо прво полувреме на гости, во кое не можеа да се справат со физичката игра на домаќините. На почетокот на второто полувреме, Лидс дури беа поопасниот противник, пред, конечно, во 80. минута, по убава акција, Маркус Рашфорд да ја продолжи одличната низа со уште еден гол.

