3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМартинез: И Меси ми кажа да не правам така, не ги мразам...

Мартинез: И Меси ми кажа да не правам така, не ги мразам Французите и Мбапе

Голманот на Астон вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез откри дека дури и капитенот Лионл Меси го предупредил да не слави непристојно по добивањето на „златната ракавица“ на СП во Катар.

Во интервју за „Франс фудбал“, Мартинез зборува за контроверзите кои ги предизвика по финалето на СП во Катар со провокативното однесување, непристојната прослава со трофејот „златна ракавица“ и песните за Килијан Мбапе во соблекувалната.

„Дали жалам за прославата? Па, има некои работи кои не би ги направил на ист начин. Не сакав да наврдам никого. Во цела моја кариера играв со Французи и никогаш немав проблем. Можете да го прашате Оливие Жиру каков човек сум. Го сакам францускиот менталитет и култура. Гестот со трофејот за најдобар голман беше шега со моите соиграчи. Веќе го направив истото на Копа Америка и не веруваа дека ќе го повторам. Дури и Лео ми кажа да не го правам тоа. Го направив тоа за нив и ништо повеќе. Беше една секунда“, вели Мартинез.

Популарниот Дибу исто така зборуваше и за песните за Килијан Мбапе, кога во соблекувалната побара „минута тишина за Мбапе“.

„Тоа е работа за соблекувалната и не требаше да излезе во јавноста. Кога Франција не победи во 2018 година, се сеќавам дека имаше пеесни за Меси со Н’Голо Канте. Иста работа. Ако го победиш Бразил, ќе пееш за Нејмар. Немам ништо лично против Мбапе, туку го почитувам многу. Ако пеат за него или за Нејмар тогаш го прават тоа бидејќи се врвни играчи. По финалето му кажав дека ми беше задоволство што играв против него и дека тој за малку сам ќе не победеше. Тоа беше потврда на талентот. Кога Меси ќе се пензионира, Мбапе ќе ги освои сите ‘Златни топки’“, вели Мартинез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП