8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвие апликации ќе ве предупредат на земјотрес

Овие апликации ќе ве предупредат на земјотрес

Во пресрет на разорните земјотреси во Турција во последните денови, ви пренесуваме детали за некои апликации кои нудат предупредувања за земјотреси.

Додека Андроид има наменски сервис за земјотреси, iPhone и iOS се потпираат на локални услуги и нудат опција за дигитален потсетник директно поврзан, на пример, со државната сеизмолошка асоцијација.

Ова се можеби трите најдобри апликации за вакви предупредувања.

LastQuake

LastQuake, за iPhone е бесплатна апликација посветена на информации и собирање изјави во реално време. Оваа официјална алатка на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) е дизајнирана од сеизмолозите.

Благодарение на активното учество на голем број корисници, на ESMC му требаат само неколку минути за да го процени влијанието на земјотресот и потоа да ги извести граѓаните.

LastQuake, покрај информациите во реално време, нуди пристап до коментари, фотографии и видеа на сведоци, нуди можност за споделување информации преку социјалните мрежи, СМС услуга која може да ги извести најблиските, како и совети како да се однесуваат по земјотрес.

Earthquake Network

Мрежата за земјотреси е сеопфатна апликација за земјотреси и за многу земји е единствениот систем за предупредување.

Оваа апликација нуди известувања во реално време доколку живеете во близина на епицентарот, предупредува неколчку секунди пред земјотрес доколку живеете далеку од епицентарот и сите други карактеристики што би ги очекувале.

My Earthquake Alerts – US & Worldwide Earthquakes

My Earthquake Alerts обезбедува информации за земјотреси, а она што го издвојува, покрај едноставниот дизајн оптимизиран за iPhone, е тоа што има база на податоци за земјотреси од 1970-тите.

Апликацијата е исто така бесплатна.

За која и да се одлучите, изгледаат како добар избор.

Кога станува збор за Android, оваа платформа има иновативен систем кој стапи во употреба уште во 2020 година. Системот на Google, наречен ShakeAlert, е создаден во соработка со Геолошкиот институт на САД.

Можете да го активирате со одење до поставките на телефонот, каде што ќе изберете локација, потоа услуги за локација и на крајот опцијата „Предупредувања за земјотреси“. Ако веќе не е активиран, означете го како активен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП