2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлубовите на трансфери во јануари потрошиле 1,57 милијарди долари

Клубовите на трансфери во јануари потрошиле 1,57 милијарди долари

Фудбалските клубови потрошиле рекордни 1,57 милијарди долари на трансфери во овогодинешниот зимски преоден рок, а најголем број се трансферите од клуб во клуб, соопшти ФИФА.

Според прегледот на ФИФА за јануари 2023 година, во машкиот фудбал биле направени вкупно 4.387 меѓународни трансфери. Потрошени се вкупно 1,57 милијарди долари, што е за околу 230 милиони повеќе од претходниот рекорд поставен во јануари 2018 година.

Најмногу пари во зимскиот преоден рок потроши Челси, речиси 330 милиони.

Бројот на трансфери во машкиот фудбал е зголемен за 14,4 отсто во однос на истиот период од 2022 година, при што вкупната вредност на надоместокот за трансфери е зголемена за 49,4 отсто во однос на сумата потрошена во јануари минатата година.

Англиските клубови се на врвот на листата за трошење на меѓународни трансфери со вкупно 898,6 милиони долари, што е 57,3 отсто од јануарската глобална потрошувачка, а по нив се клубовите од Франција со 131,9 милиони долари.

За женскиот фудбал, вкупниот број на меѓународни трансфери, исто така, достигна нов историски максимум со 341 трансфер, што е зголемување од 30,2 отсто во споредба со јануари 2022 година. Вкупно 774.300 долари се потрошени во женски фудбал, што е нов рекорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП