25 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатарци нудат неверојатни 8 милијарди фунти за да го купат Манчестер Јунајтед

Катарци нудат неверојатни 8 милијарди фунти за да го купат Манчестер Јунајтед

Групација на мултимилијардери од Катар ќе достави понуда за купување на Манчестер Јунајтед во наредните денови. Тие се убедени дека тоа ќе биде најголемата понуда од сите што ќе пристигнат на „Олд Трафорд“, а веќе имаат огромни планови со тимот за во иднина. Неофицијално, понудата е 8 милијарди фунти, од кои 6 милијарди за купување на клубот и итна инвестиција од 2 милијарди фунти.

Катарците сакаат да му овозможат на Ерик тен Хаг да создаде моќен тим од најдобрите светски фудбалери и со тоа да ги вратат „црвените ѓаволи“ на врвот на англискиот и на европскиот фудбал.

„Имаат навистина огромни средства на располагање. Овие луѓе се сериозни и сакаат да го видат Манчестер Јунајтед онаму каде што мислат дека треба да биде и уверени се дека нивната понуда ќе биде најголема“, тврди изворот на британскиот „Дејли мејл“.

Катарците ќе имаат најголем ривал во најбогатиот Британец, Џим Ретклиф. Тој е голем фан на Манчестер Јунајтед и долго време покажува интерес да го преземе својот сакан клуб, а на навивачите би им се допаднало доколку тој биде идниот предводник.

Сегашните понуди за купување на Манчестер Јунајтед би можеле да достигнат и до пет милијарди фунти.

Семејството Глејзер му се приклучи на Манчестер Јунајтед во 2003 година. Тие купија три отсто од клубот, а во наредниот период постепено купуваа акции и во 2005 година ја преземаа целосната контрола над клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП