30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВитаминска „бомба“ која и лекарите ја признаваат: Го зајакнува имунитетот, го уништува...

Витаминска „бомба“ која и лекарите ја признаваат: Го зајакнува имунитетот, го уништува холестеролот, го подобрува здравјето

Научниците, лекарите и другите стручњаци постојано ги потврдуваат придобивките од редовното консумирање мед во комбинација со цимет, како моќно оружје во борбата против многу болести.

Повеќе од 4.000 години медот се користи како традиционален лек за речиси секоја болест. Египќаните го користеле за лекување на рани, Грците за долг живот, а Индијанците за враќање на рамнотежата во телото. Современата медицина покажува дека овие верувања се повеќе од вистинити.

Бидејќи постоеле позитивни верувања за медот, циметот бил познат и од античко време. Циметот се сметал за соодветен подарок за монасите поради неговите придобивки во лекувањето на многу болести.

Ова се некои од комбинациите на овие моќни природни состојки кои можат да се користат за лекување или барем ублажување на некои болести, вклучувајќи ги и хроничните.

Намалување на холестеролот

Во голема шолја чај додадете две лажици мед и три лажички цимет. Редовното консумирање на оваа смеса ќе предизвика намалување на холестеролот за цели 10%.

Кардиоваскуларни заболувања

Наутро наместо мармалад или џем, на парче леб ставете малку мед и цимет. Доколку редовно ја консумирате оваа комбинација, ќе влијаете на намалување на нивото на холестерол во крвта и ќе ја спречите можноста да добиете срцев удар.

Артритис

Во чаша млака вода измешајте две лажици мед и една лажичка цимет. Овој напиток пијте го наутро и навечер. Со редовна употреба, овој напиток ќе ви помогне во лекувањето на хроничен артритис.

Против инфекција на жолчното кесе

Доколку имате било каков вид на инфекција на жолчното кесе, можете да ја користите горната смеса, но овој пат променете ја количината на мед и цимет. Во чаша топла вода ставете две лажички цимет и голема лажица мед.

Против настинки

Ако имате проблеми со чести настинки, направете мешавина од голема лажица мед и четвртина лажичка цимет. Пиењето на овој напиток ќе ви помогне да ги лекувате настинките, хроничната кашлица и конгестија на синусите.

Го зајакнува имунитетот

Овие две намирници пожелно е да се консумираат секојдневно. Тие природно го штитат телото од бактерии и вируси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП