Пензионираниот четирикратен Ф1 шампион, Себастијан Фетел побара возачите да се побунат против новите правила на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) со кои тие ќе мораат да добијат одобрување за да зборуваат за политички теми.
ФИА оваа сезона во обид да се држи политиката надвор од спортот, направи низа ограничувања за говори со политичка или религиозна содржина, а Фетел, кој во вториот дел од кариерата стана активист за екологијата, ЛГБТ правата и расната еднаквост вели дека возачите мора а се активираат.

