28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Sony Xperia 1 V“ со значителна промена во камерата

„Sony Xperia 1 V“ со значителна промена во камерата

Почетокот на февруари ќе биде запаметен по премиерата на серијата „Galaxy S23“ организирана од „Samsung“, но не завршува тука кога се новитетите во прашање на самиот почеток на годината. Корисник на „Weibo“ објави фотографија од телефон за кој се верува дека е од објект на „Sony“.

Заклучокот е дека „Sony“ не се откажа од својата тројна камера која го краси дизајнот на новите генерации на сите водечки брендови на телефони. Сепак, во овој случај има навестување на одредени разлики, поради што има одредено подобрување на системот на камера на телефонот „Xperia 1 V“.

Од фотографијата се гледа дека брендот „Zeiss T“ сѐ уште е во игра кога е во прашање соработката со реномирани компании. Сепак, забележливо е дека на камерата ѝ недостигаат 3D ToF и RGB-IR сензори кои беа незаменливи на последните неколку модели на „Xperia 1“. Првиот сензор овозможува прецизно снимање на предметите во длабочина, додека вториот е одговорен за попрецизно прилагодување на балансот на белата боја.

Не се знае со сигурност зошто овие сензори се изоставени, но експертите претпоставуваат дека камерите на „Xperia 1“ се толку многу подобрени што овие сензори сега се вишок. Порано беа многу вообичаени во производството на телефони со „Android“, но денес се вистинска реткост.

 Со вградување на сопствени сензори, „Sony“ може да го зајакне „Xperia 1 V“.

Позната фотографија која кружи на „Weibo“ покажува дека има промени на примарниот и ултра-широкиот сензор, иако сè уште нема детално објаснување што всушност е постигнато. Со години „Xperia 1“ имаше камера од 12 мегапиксели на задната страна, а сега експертите се прашуваат дали конечно наскоро ќе видиме уред на „Sony“ со камера со повисока резолуција.

Повеќето нови „Android“ телефони се одлучуваат за „IMX“ сензорот со 50 мегапиксели, кој всушност е направен од „Sony“. Компанијата може да се пофали со фактот дека нивниот сензор е вграден во камерата на „iPhone“, како и во серијата „Redmi Note 12“. Останува отворено прашање дали „Sony“ ќе ги инсталира своите сензори на телефоните кои пристигнуваат под сопствен бренд.

Премиерата на телефонот „Xperia 1 V“ се очекува на саемот за мобилни уреди MWC 2023, кој започнува на крајот на месецот во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП