28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСе продава првата генерација на „iPhone“, еве колку чини парче историја

Се продава првата генерација на „iPhone“, еве колку чини парче историја

Како што пренесува „Guardian“, примерок од првата генерација на „iPhone“ е понуден на аукција во САД, а се очекува да достигне цена од повеќе од 50.000 долари.

Во моментот на пишување на оваа вест, понудената цена за уредот е 2.750 долари, а до крајот на аукцијата остануваат уште нешто повеќе од 16 дена.

Сопственичка на телефонот е уметницата Карен Грин, која го добила на подарок во 2007-ма година. Бидејќи во тоа време веќе имала нов мобилен телефон, а „iPhone“ уредот тогаш не бил компатибилен со нејзината мобилна мрежа, го оставила неотпакуван на полицата.

Во октомври стапила во контакт со аукциската куќа „LCG Auctions“ и им го понудила својот „iPhone“. Таа решила да оди на аукција за да собере пари за да отвори ново студио за тетовирање.

Првата генерација на „iPhone“, која се продава на аукција, е произведена во 2007-ма година, доаѓа со 8GB простор и има камера од 2MP.

Првата генерација на „Apple iPhone“, во времето кога се појави, чинеше 499 долари за модел со 4 GB меморија или 599 долари за модел со 8 GB простор за складирање податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП