6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПијалок на Џеј Ло за почеток на денот: Брзо и лесно се...

Пијалок на Џеј Ло за почеток на денот: Брзо и лесно се прави и дава енергија

Појадокот е полн со влакна, омега-3 масни киселини и протеини.

Вежбањето пет пати неделно, доволно сон и „чисто“ мени, без брза храна, се заслужни за совршениот изглед на латино дивата Џенифер Лопез и на 54-годишна возраст.

Тренерот Марк Борхес го откри рецептот за смути на Џеј Ло за почеток на денот.

-Таа прави неверојатно здрав појадок полн со влакна, омега-3 масни киселини и протеини. Тоа е навистина здрав оброк или пијалок за опоравување после тренинг – изјави Борхес за People.

Состојки:

-шака спанаќ

-смрзната банана

-шолја оризово млеко

-2 лажички бадемов путер

-лажица протеински прав

Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека не ја постигнете саканата конзистентност на смути.

-Знаев дека некои намирници не ми обезбедуваат енергија, открила своевремено Џеј Ло.

-Тоа го сфатив со текот на времето и секогаш, пред да подготвам нешто, се прашував дали таа храна би била здрава за моите деца. Затоа бев подготвена да пробам нешто поинакво. Ова смути од спанаќ има свеж вкус и кога ќе го пиете, знаете дека сте направиле нешто добро за себе. Тоа прави голема разлика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП