3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВеличенствено враќање на тенискиот крал на Австралија: Ова е најголемата победа во...

Величенствено враќање на тенискиот крал на Австралија: Ова е најголемата победа во мојата кариера

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до десеттата титула на Австралија опен, вкупно 22. гренслем трофеј во кариерата, откако во финалето во Мелбурн го совлада Стефанос Циципас со 3:0 во сетови.

Тој призна дека ова е неговата најголема победа во кариерата.

„Со оглед на околностите, лани не играв, ова е најтешкиот турнир за мене досега. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ме пречекаа во Мелбурн, има причина зошто го играм најдобриот тенис во Австралија. Благодарам и за вас, Род Лејвер, што бевте овде вечерва. Се трудам да уживам во моментот, знам дека зборувам многу, но само моето семејство и тимот знаат низ што поминавме овие четири, пет седмици, и ова е секако најголемата победа во мојата кариера, со оглед на сите околности. Би сакал да им се заблагодарам на организаторите, на волонтерите, на одличната организација на секој ден, ви благодарам што се трудевте да се чувствуваме како дома. Знам дека оваа година остварив рекорд, благодарам што го направивте еден од најголемите спортски настани, се гледаме следната година“, изјави Ѓоковиќ.

Големиот триумф тој емотивно го прослави со семејството и со својот тренерски тим.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по јубилеен десетти пат го освои трофејот на Австралија опен откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 7:6). Тоа е 22. пехар од големите гренслем турнири за Ѓоковиќ, со што се израмни со Рафаел Надал, а повторно ќе биде и најдобар тенисер на АТП листата.

Речиси без грешка одигра Србинот во текот на сите три часа, а Циципас не можеше да стори ништо повеќе освен да даде силен отпор. Сепак, Ѓоковиќ триумфално се врати во Мелбурн откако имаше проблеми и беше протеран од Австралија поради познатите причини со ваквинацијата против Ковид-19.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а во вториот Циципас го задржа до крај својот сервис, но загуби во тај-брејк со 7:4 на поени.

На почетокот на третиот сет и Ѓоковиќ и Циципас загубија по еден свој сервис, а потоа сетот повторно се решаваше во тај-брејк. Србинот имаше водство од 5:0, Гркот намали на 5:3, но на крајот сепак Новак Ѓоковиќ го комплетираше тај-брејкот, мечот и го освои гренслем турнирот во Мелбурн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП