Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Австралија опен, откако на убедлив начин го совлада Американецот Томи Пол со 3:0 во сетови (7:5, 6:1, 6:2). Во мечот за трофејот тој ќе ги одмери силите со Стефанос Циципас кој беше подобар од Карен Хачанов.
За Ѓоковиќ тоа беше десетта победа во десет полуфиналиња на кои има играно на гренслем турнирот во Мелбурн.

