Кристијано Роналдо не успеа да ја продолжи кариерата во Европа, на почетокот на годината се пресели во Саудиска Арабија каде потпиша договор со Ал Наср. Оваа година на неговата сметка ќе „легнат“ околу 200 милиони евра.
Покрај договорот кој ќе го зголеми неговото огромно богатство, португалската ѕвезда доби и посебен подарок за потпишувањето на договорот со клубот. Производителот на луксузни часовници „Jacob & Co.“, изработи рачен часовник кој е тесно поврзан со трансферот на Роналдо во Ал Наср. Часовникот го носи името „Caviar Flying Tourbillon Tsavorite“.

